Сè е можно... Дури и невозможното...

Да ги направиме нештата изводливи

Сашо Јаневски – PPC и SEO маркетинг експерт

Сајт делумно наменет за претприемничка стратегија, малкуцка за дигитален маркетинг; креиран без никаков план, агенда или стратегија „што понатаму“.

КАКО СЕ СЛУЧИ САЈТОВ ДА ПОСТОИ?

Непоимливо и нелогично е да работиш маркетинг, а да немаш свој сајт

Седам со другар на утринско макијато на „Женска“ кога ме пецна за тоа што се случило со претходниот мој сајт. Се обидов да се извлечам работејќи на „немам сега време“ или „имам постојана работа сега“ форите, но неговата непоколебливост ме натера да попуштам и да се соглсам да купам нов сајт.

Следната сабота сме на нова тура макијато и разговорот оди отприлика вака: А: „Купи сајт?“ Јас: „Купив“ А: „и кој му е домејнот“ Јас (со несмасно сокриена насмевка знаејќи дека нема да му се допадне одговорот): „сашојаневски точка ком“ А: „Е, со среќа нека ти е, ама не можеш да направиш пари со тоа“

Не е секогаш сè во парите, нели? Има нешто и во задволството. И веројатно не сум толку таксиратлија па да не заработам ни денар од ова.   

Urban 438393

Ако евентуално ви притребам

За било какви прашања….

Cropped Cropped 261858 P4LPD6 62 1

Контакт

Адреса:

Ул. Скопска бр. 3 – 6330 Струга

Телефон:

078 551 133

Follow us: